Втор ден на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

Од:

Семејството, миграциите, бегалските кризи и тероризмот како предизвици за интеркултурниот и меѓурелигискиот дијалог, како и употребата и злоупотребата на современите начини за електронска комуникација и на социјалните мрежи, беа темите на кои денеска дискутираа учесниците на вториот ден од четвртата Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, што се одржува во Битола.

Во своето излагање посветено на регионалната стабилност и идентификација на регионалните опасности, професорот од Факултетот за безбедност-Скопје Марјан Ѓуровски, доктор на безбедносни науки, истакна дека денес најголем проблем на Балканот е регионалната стабилност и соработка која не се следи соодветно. Односно, како што рече, секоја држава самостојно ги следи и регулира своите ризици и притоа отсуствува заедничко идентификување на регионалните опасности.

– На територијата на Западен Балкан неопходно е формирање Центар кој ќе се занимава со асиметричните закани. На пример потребен е контратерористички Центар на Балканот, кој ќе ги контролира сите активности на милитантните борци, кои земаат учество во глобалниот џихад во Сирија, а кои потоа се враќаат на Балканот со цел да регрутираат лица и пак се враќаат на боиштето, рече Ѓуровски.

Тој забележа дека во државите во регионот отсуствуваат и програми на дерадикализација и контра радикализација.

Четвртата Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог завршува утре, со избор на Меѓународен организациски комитет за Петатта свет­ска конференција и разгледување и усвојување на Нацрт-декларацијата на Четвртата светска конференција. Предвидено е завршни обраќања да имаат министерката за култура и претседател на Меѓународниот комитет за организирање на четвртата светска конференција Елизабета Канческа – Милевска и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Елена Кузмановска. 

Би можело да ве интересира

Божиновска: Верниците од муслиманска и христијанска вероисповед да ги почитуваат начелата на верата

Емир Латифовиќ

Џамијата, црквата и синагогата – (верски) објекти на омразата

Ана Ололовска

Дали христијаните ќе го слават Божик во ист ден?

Емир Латифовиќ

Шокантно откритие: Науката докажа дека Библијата е лажна

Ана Ололовска

Зошто Божик се слави на 25 декември?

Емир Латифовиќ

Адвокат ги тужи Израел и Италија за распнувањето на Исус

Емир Латифовиќ