А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Врвен хирург за трансплантација на црн дроб од Лион доаѓа во Скопје

by А1он09/10/2013 - 15:27215
Share0

За две недели во Скопје ќе пристигне Оливер Боилор, врвeн хирург за трансплантација на црн дроб од Центарот за трансплантација во Лион, Франција. Ова е договорено на средбата на делегацијата од Македонија предводена од директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнарџиева Змејкова со генералната директорка на Француската Агенција за биомедицина, Еманануеле Прада-Борденав.

Добивај вести на вибер

На средбата во Агенцијата во Париз, соопшти ФЗОМ, беше презентиран целосниот систем за организација на кадаверична трансплантација и донорство на органи. Од ФЗОМ информираат дека тоа е од посебно значење поради фактот што во Република Македонија не се извршува тој тип здравствена услуга – трансплантација на црн дроб од жив дарител.

Улогата на проф. д-р Оливер Боилор во Македонија, како што се наведува, ќе биде во насока на почнување и развој на трансплантацијата на црн дроб од жив дарител во соодветните јавни здравствени установи, увид во состојбата на капацитетите и кадарот за трансплантација на црн дроб, но ќе биде и добра подготовка за идните тимови кои ќе вршат трансплантација на црн дроб од жив дарител или кадавер.

– Професорот веќе има работено на вакви проекти во други држави и со голем успех го воспоставил и развил овој тип на здравствена услуга. Агенцијата за биомедицина е расположена да даде подршка за развој на софтверско решение за креирање на листа на чекање за пациенти на кои им е потребна трансплантација на ткива и органи во Македонија, стои во соопштението од ФЗОМ.

Воедно, како што се наведува, веќе е договорена соработка со болницата „Сен Луј“ во Париз каде во иднина ќе се врши доедукација и обука на македонските хирурзи кои ќе се подготвуваат за вршење на трансплантација на бубрези и панкреас во еден акт.

Досега во Република Mакедонија успешно се врши трансплантација на бубрези од жив дарител, а во иднина, преку таа соработка ќе може да се врши и трансплантација на бубрези за пациентите кои се на дијализа, а се инсулино-зависни (дијабетичари) на кои им е потребно и трансплантирање на панкреас.

Во делегацијата од Македонија која од 7 до денеска престојуваше во работна посета на Француската Агенција за биомедицина, беа претседателот на Лекарска Комора на Македонија, проф. д-р Кочо Чакалароски, проф. д-р Сашо Дохчев од Клиниката за урологија, доц. д-р Игор Николов од Клиниката за нефрологија и Луиза Јакимовска, шеф на Кабинетот на директорката на ФЗОМ.

здравствооперација

Би можело да ве интересира

Здравствените работници на предупредувачки протест за време на паузата на 19 октомври

Предраг Петровиќ14/10/2023 - 14:53

Левица: Драчевчани оставени без медицинска помош

Предраг Петровиќ08/08/2023 - 15:09

(ВИДЕО) Шахпаска: Здравствениот систем во Македонија е целосно урнат

Емир Латифовиќ16/02/2016 - 15:55

За една година 53 интервенции на Државната кардиохирургија

Емир Латифовиќ19/03/2015 - 15:52

ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ одбележа 55 години од постоењето

Емир Латифовиќ15/11/2013 - 15:40

Нова мерка за потранспарентни тендерски процедури во јавното здравство

Емир Латифовиќ19/08/2013 - 15:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен