(ВИДЕО) Шахпаска: Здравствениот систем во Македонија е целосно урнат

Од:

Здравствениот систем во Македонија е целосно срушен. Болниците се руинирани, граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа, умираат родилки и бебиња, се пука по докторите. Македонија, според Еуростат е на врвот на листата со починати новороденчиња во Европа. Во земјава умираат 14 новороденчиња на 1.000 живородени, рече Јагода Шахпаска, пратеничка и претседателка на собраниската Комисија за здравство.

Дури 200 лекари годишно заминуваат од земјава. На Македонија и недостасуваат над 2.000 лекари за да може да го постигне минимумот за достапност на здравствените услуги до секој граѓанин.

Според релевантните меѓународни истражувања Македонија се наоѓа на последно место во Европа по здравствени услуги, а на прво место како држава во која најстресно се живее.

Трошоците за здравствени услуги се зголемени за дури 30% во изминатите години, според официјални податоци на Државниот завод за статистика што покажува дека граѓаните плаќаат многу повеќе.

Здравството е во огромни, милионски долгови а Никола Груевски потроши неверојатни 630 милиони евра за споменици.

Според последните извештаи на Фондот за здравство, на крајот на октомври 2015 година, долговите на јавните здравствени установи изнесуваат 52 милиони евра, а обврские се 72 милиони евра.

Нема пари за инсулини. Инсулинска криза трае веќе втора година, загрозен е животот на 36.000 пациенти поради опасности од гангрена, инфаркти, мозочни удари….

8 месеци стопирани се трансплантациите на бубрези поради нечија волја. 8 месеци животот на граѓаните коишто имаат најдено донор е вистински пекол. Се чека новата Клиника за трансплантација во која ќе се вдомат партиски кадри.

Никола Груевски и Никола Тодоров се главните виновници за хаосот во здравството и нефункционирањето на системот на здравствена заштита.

Со 630 милиони евра за споменици ќе се решеа сите проблеми во здравството.

80 нови и опремени амбуланти низ цела Македонија чинат околу 20 милиони евра.

Изградба на цел нов Клинички центар нема да надмине 130 милиони евра.

За 10 нови клинички болници во поголемите градови во Македонија се доволни 300 милиони евра.

Дополнително, ќе останеа 150 милиони евра за целосно нова опрема за здравството.

За Никола Груевски здравјето на граѓаните не беше важно, за него беа важни само тендрите и провизиите од споменици тешки 630 милиони евра. 

Корупцијата и криминалот на власта во заминување е на дирекнта штета на здравјето на граѓаните.

Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон решавање на проблемите во здравството, во интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Здравствените работници на предупредувачки протест за време на паузата на 19 октомври

Левица: Драчевчани оставени без медицинска помош

Поради два литра вода починала 35-годишна жена-кобно е времето за кое ја испила

За една година 53 интервенции на Државната кардиохирургија

Емир Латифовиќ

ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ одбележа 55 години од постоењето

Емир Латифовиќ

Врвен хирург за трансплантација на црн дроб од Лион доаѓа во Скопје

Емир Латифовиќ