Врнежите ќе престанат попладне, од утре значителен пораст на дневните температури

Од:

Повремените врнежи од дожд кои наместа се пообилни, во попладневните часови ќе престануваат и облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени, а во Скопје 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

До 7 часот утрово, најмногу врнежи се измерени во Охрид, 11 литри на квадратен метар. Девет литри се измерени во Претор, седум во Дојран, пет во Маврово, четири во Лазарополе и Пожаране, три литри во Битола, Прилеп и Дебар, два литра на квадратен метар се измерени во Гевгелија и Крушево и по еден литар дожд е наврнат во Скопје – Петровец, Тетово, Струмица, Ѓуриште, Демир Капија и Дојран.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. До петок ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.

Би можело да ве интересира

Заладување од вторник

Сончево со температури до 32 степени

Сончевро време со температури до 29 степени

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

Сончево време со темеператури околу 30 степени

Сончево, со температура до 30 степени