Врнежи од снег со променлив интензитет во Маврово и на Плетвар

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Маврово и на планинскиот превој Плетвар, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Ѓавато врнежите се од дожд и снег.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на Попова Шапка, планинскиот превој Стража и Страцин.

На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и, како што соопштуваат, ги одржуваат сите патни правци проодни.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози