Времето утре сончево и многу топло со температури до 38 степени

Од:

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Од УХМР информираат дека времето во понеделник кон крајот на денот, а особено во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град.

Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Денеска над 40 степени, Владата објави препораки за топлото време

Владата со препораки за работодавачите за топлотниот бран

Горан Наумовски

УХМР: До сабота времето ќе биде сончево и многу топло

Денеска сончево и многу топло со температури до 40 степени

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

До пладне топло, попладне ветер и дожд