Времето променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степен.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок, кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m². Во петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието.

Би можело да ве интересира

Темепратури до 15 степени денеска, од утре дожд

Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Дожд и температури до 19 степени денеска, во викендот врнежливо

Врнежливо време во викнедот, од понеделник постудено

Период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд

Облачно со температури до 19 степени, од вечер дожд