Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност

Од:

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 7, а дневната од 14 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 22 степена.

Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Од почетокот на следната недела ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе бидат без промени.

Би можело да ве интересира

Сончев празничен ден со температури до 21 степен

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло