Времето до крајот на денот нестабилно со локален пороен дожд, од утре сончево и посвежо

Од:

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град. Нестабилното време ќе се задржи и во вечерните часови, локално во форма на невреме. Во текот на ноќта ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен северен ветер, информираат од УХМР.

Утре сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 31 до 37 степени. Во Скопје претежно сончево со умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од утре следува период на стабилно и топло време со просечни температури за овој период од годината. До сабота ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, известуваат од УХМР.

Би можело да ве интересира

УХМР дигитално ќе гo мониторира квалитетот и загадувањето на реките

Ана Ололовска

Времето до крајот на денот променливо облачно и нестабилно, утре сончево со умерена локална облачност

А1он

Утре променливо облачно, со изолирана појава на пороен дожд

А1он

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

А1он

Утре до 39 степени и локален дожд, од среда снижување на температурите

А1он

УХМР: Стабилно и топло време, во понеделник и вторник до 40 степени

А1он