Времето до крајот на денот нестабилно со локален пороен дожд, од утре сончево и посвежо

Од:

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град. Нестабилното време ќе се задржи и во вечерните часови, локално во форма на невреме. Во текот на ноќта ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен северен ветер, информираат од УХМР.

Утре сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 31 до 37 степени. Во Скопје претежно сончево со умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од утре следува период на стабилно и топло време со просечни температури за овој период од годината. До сабота ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, известуваат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Зголемен е водостојот на поголемиот дел од реките

УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег

УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег

Портокалова фаза, опасни температури над 40 степени

Катерина Ѓуровски

Пеколни температури, што да правите ако мора да сте надвор

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски