Времето денеска променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во делови од котлината ќе има појава на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во вторник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси.

Од среда ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар