Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд и со умерен, а наместа долж Повардарието и повремено засилен, ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Времето утре ќе биде облачно, а долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен северозападен ветер.

За време на викендот температурата значително ќе се намали, а в недела се очекуваат врнежи, кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување