Времето денес облачно, со повремени врнежи од дожд, а на планините снег

Од:

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови од земјава.

На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег.

Ќе дува умерен, наместа долж

Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд.

Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Според прогнозите на УХМР, во сабота на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег.

Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд