Временска прогноза

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Локално ќе има услови за слаб дожд.

Утринската температура ќе се движи од два до пет, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во сабота попладне и во недела под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни. Локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Температурата ќе биде без поголеми промени, во сабота во интервал од девет до 14, додека во недела од шест до 12 степени.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно, кон крајот на денот дожд и снег

Дожд и снег наизменично, температурите продолжуваат да паѓаат

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

Претпладне дожд, попладне снег

Попова Шапка под снег, дождови во Крушево, Охрид и Претор

Горан Наумовски

Студено утро, умерени дневни температури – дожд и снег на повисоките места