Времен сообраќаен режим за празникот Богојавление

Од:

Поради чествувањето на големиот христијански празник Богојавление (Водици), в понеделник – 19 јануари кај мостот „Слобода“ (во близина на хотелот „Холидеј Ин“), во период од 10:30 до 13:30 часот, ќе биде затворенa за сообраќај улиците „Филип Втори Македонски“ и тоа од крстосница со булевар „Гоце Делчев“ до крстосницата со булеварот „11 Октомври“ и улицата „Даме Груев“, соопшти денеска Градот Скопје.

Автобусите кои ги опслужуваат автобуските линии со број 16,17А, 50, 57 и 59 ќе бидат пренасочени по булеварот „Кочо Рацин“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“ и во двете насоки. Во овој период корисниците на градскиот превоз ќе ги користат постојните автобуски стојалишта на претходно споменатите улици.

Од градот Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено воведениот режим. 

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски