Времен сообраќаен режим во Гевгелија

Од:

Посебен сообраќаен режим од денеска до недела се воведува на улицата „Таља Бикова“ во Гевгелија поради одигрувањето на средбите од 24-тото издание на кошаркаркиот куп на Македонија, соопштија од локалниот организациски комитет.

Спортската сала во Гевгелија се наоѓа на споменатата улица, поради што од комитетот биле принудени да побараат воведување посебен режим за да се избегнат големите гужви од сообраќајни средства.

Во одреден временски период улицата целосно ќе се затвора за сообраќај додека се играат натпреварите. Денеска улицата ќе биде затворена од 13 до 22 часот, утре за време на полуфиналните средби ќе биде затворена од 13 до 23 часот, а во недела за финалните средби на оваа улица сообраќајот нема да се одвива од 15 до 22 часот.

Би можело да ве интересира

Гевгелиски банкар од двајца клиенти украде пет милиони денари и над 63.000 евра

Горан Наумовски

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци