Времен сообраќаен режим на булеварот „Трета македонска бригада“

Од:

Во недела (31 август) од 6 до 19 часот, на булеварот „Трета македонска бригада“, кај крстосницата со улицата „Фрањо Клуз“ (косата улица до бензинската пумпа на Макпетрол), на стариот дел, ќе се изведуваат градежни работи – прекоп за поставување подземни инсталации.

Од Градот Скопје информираат дека во наведеното време на овој потегот од крстосницата ќе се воведе времен сообраќаен режим, а возилата ќе се движат наизменично по коловозните ленти.

На булеварот „Трета македонска бригада“ в недела ќе биде поставена соодветна патна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан