Времен сообраќаен режим на булеварот „АСНОМ“ во петок и сабота

Од:

Град Скопје известува дека утре на 05.07.2019 година (петок) поради градежни активности за формирање прекоп за подземни инсталации на дел од булевар АСНОМ во Општина Аеродром, ќе биде воведен и времен сообраќаен режим.

„Сообраќајот ќе се одвива според времено решение од 7 часот наутро до 14 часот попладне, па од крстосницата со булевар Србија до крстосницата со булевар Васко Карангелевски, за сообраќај ќе се користи сервисната улица помеѓу Хотел Хилтон и Хотел Русија.

Во сабота во период од 07 до 18 часот поради градежни активности на булевар АСНОМ во близина на мостот Тодор Александров, сообраќајот ќе се одвива во неколку сообраќајни ленти во двете насоки и овој времен режим на сообраќај ќе важи до завршување на активностите.“, се ообјаснува во соопштението на Град Скопје.

Градот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, воедно почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Протераниот ирански принц тврди: Режимот во Техеран е многу блиску до колапс

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот