Времен сообраќаен режим на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов

Од:

Град Скопје ги известува граѓаните дека на 11 октомври и во деновите на викендот (13 и 14 октомври), доколку дозволат временските услови, ќе се изведуваат градежни работи на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, на делот од крстосницата со улица Рузвелтова до крстосницата со булеварот 8 Септември.

Поради тоа, на наведената делница, во посочените денови, ќе има целосен прекин на сообраќајот.

Во насока кон Ѓорче Петров, сообраќајот ќе биде пренасочен по улицата Рузвелтова, булевар Партизански Одреди и улица Московска. Во насока кон центарот на градот сообраќајот ќе биде пренасочен по улица Московска, улица Рузвелтова и булеварот Партизански Одреди.

Автобусите на јавниот градски превоз кои се сообраќаат на линијата со број 5 ќе ја користат претходно наведената траса во двете насоки.

За време на изменетиот режим на сообраќај, се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан