Времен режим на патот кон Македонски Брод преку „Јасен“

Од:

Патот за Македонски Брод преку ЈП „Јасен“ денеска ќе биде прооден според одреден режим поради одржувањето на манифестацијата „Козјак Маратон 2014“.

Како што соопштија од ЈП „Јасен“ од 7 до 12 часот, посетителите без ограничување ќе можат да се движат во правец од Скопје кон Марков Манастир – Нова Брезница – Кула – Коломонт – мост на Близанско – село Близанско на брегот на Акумулацијата каде што ќе се одржува спортска манифестација „Македонски куп во далечинско пливање – Козјак Маратон‘‘ 2014.

Заминувањето на посетителите и учесниците на манифестацијата ќе се одвива од 13 до 21 часот без ограничување само во правец кон Скопје, а режимот на движење ќе го регулира сообраќајната полиција.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска