На патот Кичево – Охрид, поточно на делот Пресека – Врбјани, денеска од 11 до 12 часот и од 13 до 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин.
Прекинот, како што соопшти ЈП „Македонија пат“ е поради изведување градежни активности на патот.
На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива по суви коловози, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.