Поради изведување градежни работи со минирање на патот Кичево – Охрид на делот помеѓу Пресека – село Врбјани од 13 до 15 часот денеска ќе има прекин на соообраќајо во интервали од 15 до 20 минути, најави „Автомото сојузот на Македонија“.
Од „Манифактура продукција“ информираат дека автопатот А1 кај делницата од мотел „Македонија“ до Градско од 5 до 18 часот денеска ќе биде затворен за сообраќај поради снимање на филмот „A Fond”. Сообраќајот ќе се одвива по стариот пат, информира „Манифактура продукција“.
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.