ВРЕДИ: Села и Лога имаат време до сабота да се предомислат

Од:

Зијадин Села и Кренар Лога смислиле евтино алиби зошто ќе одат спротивно од волјата на мнозинството Албанци. Арбен Таравари јавно им ги понуди печатите на Алијанса на Албанците ако навистина се определени за самостоен настап на изборите, се вели во соопштението од коалицијата ВРЕДИ.

„Зијадин Села не се изјаснува за оваа понуда бидејќи ние знаеме дека одамна е договорен да служи исклучиво на интересите на Али Ахмети. Затоа и го направи расколот во АА. Искрено жалиме што Села и Лога ги ставија личните пред интересите на Албанците кои јасно и недвосмислено се определени да го испратат ДУИ во опозиција. Има време до сабота, ако случајно се премислат, ќе ги добијат печатите на АА за пратенички листи за самостоен настап“, велат од коалицијата.

Би можело да ве интересира

Села: Нема ништо лошо во средбите на Ахмети со Таравари, целиот албански политички фактор треба да се обедини

Села до Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

А1он

Села: Тажно утро за сите, ја споделуваме болката со семејствата на жртвите

А1он

Села: Алијанса за Албанците припаѓа на основачите, се враќа нa корените

А1он

Судот го запиша Зијадин Села дека е претседател на Алијанса на Албанците

АА: Гаши да го укине заклучокот по интерпелацијата за Даути