ВРЕДИ прогласи победа во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново

Од:

Коалиција ВРЕДИ прогласи победа во првиот круг од локалните избори во неколку општини, меѓу кои Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново. Според портпаролот на изборниот штаб на ВРЕДИ, Дритон Суљејмани, резултатите покажуваат „јасна поддршка за нова, чесна и одговорна политика“.

-Денеска граѓаните проговорија јасно, со слободен глас и чист совест тие ставија крај на ерата на една измама и страв, отворајќи го патот за нова, чесна, одговорна политика блиску до граѓаните, изјави Суљејмани на прес-конференција.

Тој остро ги критикуваше лидерите на НАИ, Али Ахмети, Арбен Таравари и Зијадин Села, обвинувајќи ги дека со месеци се обидувале да ги држат Албанците како „заложници“ преку иницијативата за референдум.

-Тие се обидоа да го претворат стравот во кауза, измамата во патриотизам, а паниката во политика. Но, Албанците не беа измамени. Тие добро го познаваат ова сценарио, го виделе многу пати и сега дефинитивно го отфрлија, рече Суљејмани.

ВРЕДИ најави дека во вториот круг ќе настапи како фаворит во Тетово, Дебар, Брвеница, Долнени и Струга.

Суљејмани ја затвори прес-конференцијата со порака дека ова не е победа на поединци.

– Ова не е победа на поединци, ова е ваша победа, победа на луѓето кои го избра достоинството пред стравот, работата пред зборовите и надежта пред измамата. Ние во ВРЕДИ ја разбираме оваа порака како обврска, одговорност што ќе ја носиме со чесност. Промената што започна пред една година вечерва го доби вашиот печат и од утре ќе продолжи уште посилна, пофер и поблиску до луѓето“, потенцираше тој.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини