ВРЕДИ: Груби, одраз на ароганцијата на ДУИ нон грата

Од:

„Веста дека нон грата Артан Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово поради неоправдани отсуства е јасен одраз на културата на неодговорност и ароганција која ДУИ ја негува со децении. Како може човек кој не може да ги исполни ниту своите академски обврски, да се обиде да продаде политички морал и да зборува за јавна одговорност?“ прашуваат денеска од коалицијата ВРЕДИ.

Од таму велат „Артан Груби, познат по своето проблематично минато и по обвинувањата за бегството од правдата, не ги исполнува моралните и професионалните критериуми да предава пред студентите“.

„Универзитетот е институција која мора да промовира интегритет, одговорност и почитување на законот. Човек кој избегнал да се соочи со правдата и кој претставува модел спротивен на овие вредности не може да биде позитивен пример за младите, затоа е посоодветна одлуката на Универзитетот да му врачи отказ на нон грата Артан Груби. Коалицијата ВЛЕН претходно и соопшти на пошироката јавност дека просечната оценка на Груби од додипломските студии е 7, што значи дека студент од ваков калибар не може да се појави пред студентите. Академскиот кредибилитет не се мери само со говори, туку со посветеност на етичките принципи и почитување на општествените норми, кои Груби се чини дека ги поткопувал во текот на неговата кариера“ е ставот на ВРЕДИ.

Од Коалицијата велат дека „оваа состојба е јасен одраз на културата на неодговорност која ДУИ нон грата ја негуваше низ годините. Вклучувањето на луѓе со контроверзно минато на јавни и академски позиции го покажува недостатокот на морален и професионален стандард од оваа партија. Наместо да промовира меритократија и одговорност, ДУИ нон грата им дозволи на личностите вклучени во контроверзии и сомнежи за интегритетот да ги претставуваат политиката и институциите, нарушувајќи ја не само довербата на граѓаните, туку и самите основи на демократското општество“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста