ВРЕДИ: ДУИ се подготвени да направат уште едно политичко предавство, да бојкотираат избори и да испровоцираат тензии

Од:

„Откако видоа дека Албанците повеќе не паѓаат на нивните хистерични лаги и лажни вести, откако се разобличија со коруптивни афери и црни листи, ДУИ заигрува на последната карта! Тие веќе немаат моќ да ги изманипулираат луѓето со измислената приказна за „деалбанизација“ и сега се подготвени да направат уште едно политичко предавство на сопствениот народ – да бојкотираат избори и да се обидат на денот на гласањето да испровоцираат тензии!“ соопштија од коалицијата ВРЕДИ.

Според нив, „ДУИ знае дека има само еден начин да не прокнижи уште еден пораз на нивното салдо: политичка криза! Токму затоа веќе подолго време инвестираат во лажната перцепција дека Албанците не се адекватно застапени затоа што ДУИ не е во Владата“.

„Но сега сè е јасно и нема дилема! Али Ахмети вчера од Липково самиот потврди: ДУИ подготвува бојкот на локалните избори! Истовремено, го призна она што ние одамна го тврдиме. Иницијативата за Законот за употреба на Албанскиот јазик пред Уставниот суд е кукавичкото јајце на ДУИ, со кое сака политички да профитира предизвикувајќи штета на ВЛЕН. Ахмети повеќе нема избор. Нивните анкети им ја потврдуваат суровата вистина – Албанците повеќе не сакаат да ги гласаат! Авторитетот на Али Ахмети е разнишан, бидејќи од командант на УЧК се претвори во заложник на Артан Груби. Сите знаат дека ДУИ сега е корумпирана партија, каде што неколку луѓе станаа милионери, нивните синови и ќерки се вработија со огромни плати, додека народот едвај врзува крај со крај!“ велат од ВРЕДИ.

Сметаат дека „Таканаречениот „Европски фронт“ на чело со ДУИ го покажа вистинското лице во собранискиот кабинет број 161! За да влезат наместо ВЛЕН во Владата ѝ понудија на ВМРО-ДПМНЕ четири министерства и се предадоа целосно, само за да се спасат себеси! На Албанците им стана јасно дека ДУИ ги користи како топовско месо за да избегне соочување со правдата!“.

„ДУИ може да бега од изборите, но не може да избега од судот на народот. Овој пат, казната ќе биде жестока – ќе ги испратиме во политичка историја!“ – стои во соопштението на ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

А1он

Oбвинителството контра ДУИ: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани

Горан Наумовски

ДУИ: Не смееме да дозволиме трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда

Не помина иницијативата на „Европски фронт“ за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски

Алијанса на Таравари решава за локалните избори