ВРЕДИ: ДУИ ја остави Филхармонија со 96% Македонци и само 4% Албанци за 20 години

Од:

Срамно и за жалење е начинот на кој ДУИ, во отсуство на аргументи, се обидува да ја измами јавноста со клевети и невистини. Јавноста заслужува факти, а не лаги за политички цели. За 20 години на власт, ДУИ ја претвори дискриминацијата во институционален стандард.

Еве само еден пример: Филхармонија

Вработени:

115 Македонци (96%)

5 Албанци (4%)“ – соопштија од коалицијата ВРЕДИ.

Од таму велат ова се официјални и проверливи податоци, реален одраз на негрижата и намерниот неуспех што им беше нанесен на Албанците поради валкани коруптивни зделки, без ни најмала грижа за албанското прашање“.

ВРЕДИ ја иницираше промената и отвора нови патишта за претставување на Албанците во важни културни и државни институции. ВРЕДИ да се напомене дека од постоењето на државата, две од најпрестижните културни институции, Опера и Балет како и Филхармонијата, беа затворени тврдини за Албанците. Со децении, на ниту еден Албанец не му беше дозволено да раководи со ниту една од нив. Дури со доаѓањето на ВРЕДИ во владата беше срушен овој ѕид на дискриминација: по 30 години, за прв пат, Албанец е именуван да раководи со Филхармонијата, и тоа познатиот тенор Мустафа Имери“ се вели во соопштението на ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Според ВРЕДИ законското усогласување на минималната плата во март е „нова економска ера“

ВРЕДИ очекува да има и вицепремиер и министер за животна средина, позициите кои му припаѓаа на Меџити

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ ја нападна Јаневска: Не знае ни збор албански, а реагира за тоа што не го разбира Касами

ВРЕДИ: По месеци ѓубре, Скопје и Чаир овојпат навистина се чистат

А1он