ВРЕДИ: Бујар Османи да одговори каде завршија 120 милиони денари народни пари

Од:

Скандалот со непостоење на било каков доказ за тоа како се потрошени 120 милиони денари при организацијата на самитот на ОБСЕ е уште еден јасен доказ за нечесноста и незаконитото работење на Министерството за надворешни работи под водство на Бујар Османи. Наместо транспарентност и отчет, единствената победа“ за Османи беше да го прими рускиот министер Сергеј Лавров во Скопје, потег кој предизвика негативни реакции и сериозни сомнежи во надворешнополитичката ориентација на Османи и партијата од црната листа ДУИ“ соопштија денеска од Коалицијата ВРЕДИ.

Од таму велат Јавноста треба да знае: Зошто нема документи, фактури или извештаи за потрошените 120 милиони денари? Кој ги одобрил овие трошења и со каква цел? Кој ги скрил документите? Дали истите тие средства завршиле во џебовите на фирми блиски до ДУИ?“.

Државниот завод за ревизија е институција која е должна прва да алармира за незаконско трошење на парите на граѓаните. Тоа ДЗР го направи јасно за Бујар Османи.

Во последните два дена се потврдува дека Бујар Османи е дел од сите клучни договори и бизниси на ДУИ, но и средби со српските функционери, токму во периоди кога на македонскиот пазар влегуваат компании, казина е телекомуникациски оператори со контроверзно потекло и сопственици.

Сега е јасно дека Бујар Османи нема кредибилитет да зборува за странско влијание“ или за заштита на националните интереси“, затоа што токму тој е човекот во чиј мандат како Министер за надворешни работи се отворија вратите за сомнителни бизнис-дилови и за дипломатски скандали кои ја рушат репутацијата на Македонија.

Граѓаните заслужуваат одговори, а институциите мора да покренат постапки“ е ставот на ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ очекува да има и вицепремиер и министер за животна средина, позициите кои му припаѓаа на Меџити

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ ја нападна Јаневска: Не знае ни збор албански, а реагира за тоа што не го разбира Касами

ВРЕДИ: По месеци ѓубре, Скопје и Чаир овојпат навистина се чистат

А1он

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Како што се договоривме така и постапивме како владина коалиција на овие избори, објаснуваат од ВРЕДИ

Мемов се дообјаснува: Ставот за ВРЕДИ бил лично негов, не на ЗНАМ

Катерина Ѓуровски