Вреди: Албанците му го свртија грбот на „лажниот референдум“ што го пропагираат Ахмети, Таравари и Села

Од:

Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните извици на една коалиција во распад, се наведува во соопштението на Вреди.

„Едниот бара „политички договор“ и се обидува да го копира Али Ахмети, кого со право треба да го праша: што се случи со писмата што ги испраќаше низ светот и каде исчезна експертизата на Пол Вилијамс? Другиот лута во паника, стравувајќи дека ќе биде изневерен од двајцата. Според сите анкети, кандидатите на ВЛЕН се во убедлива предност, додека „референдумот“ на ДУИ, последниот обид на една партија во паника, им се враќа како бумеранг. Албанците овој филм го гледаат повеќе од две децении патриотизам во зборови, кражба во дела. Дваесет години не успеаја да обезбедат ни питка вода во албанските општини; во некои од нив, дури и водата ја оставија затруена со арсен. Тоа е „светот“ што го создадоа загаден, ненаситен и иструлен одвнатре. Општините под нивно раководство се жив доказ за хаос, сиромаштија и отсуство на било каква визија. Затоа, Албанците денес му го свртија грбот на овој „лажен референдум“, што го пропагираат Ахмети, Таравари и Села“, велат од Вреди.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Еден глас за победата на 2 ноември

Горан Наумовски

Влен: Зијадин Села е жеден за внимание

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

Влен: Гласот за НАИ е глас за Левица

ВРЕДИ: Левица „сламката за спас“ на НАИ

ВЛЕН за Дебар: Мустафа Даути ја постави таблата на албански јазик на граничниот премин Блато

Предраг Петровиќ