ВРЕДИ: Ахмети си напиша писмо сам на себе

Од:

Ахмети упорно ги потценува Албанците. Неговото писмо е стоти опозициски обид своите грешки и пропусти да ги префрли на туѓа адреса. Цели 20 години беше власт и наместо системски да ги решава правата на Албанскиот народ остави во наследство половични и недоречени акти. Тогаш кога му одговараше лажно, со гол популизам, сееше магла дека ги решил сите прашања на Албанските права, а реалноста е сосема поинаква, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

„Поважно било полнењето на приватните џебови. Ниту тајмингот за ова писмо не е случаен. Станува збор за ново кукавичко јајце. Со старите излитени трикови Ахмети сака да подбуцнува и да ги партизира најавените протести на студентите кои бараат да полагаат правосуден испит на својот мајчин јазик.

Наместо да си пишува писма самиот на себе треба да им одговори на студентите зошто неговиот министер Јетон Шаќири за време на својот мандат во ресорот образование дозволил Албанските универзитети според методологијата на министерството да бидат вреднувани со помал коефициент на успех и стекнато знаење од УКИМ? Зошто дозволил дискриминација на Албанските дипломци? Со ваквото лицемерие Ахмети како што тргнал нема да не зачуди ако самиот предизвика протести на студентите пред седиштето на ДУИ, велат од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

Вреди: Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад

Вреди: Груби брза кон целосно соборување на Али Ахмети

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Меџити: Го поддржувам потегот на Касами, процесот за обединување на ВРЕДИ е веќе започнат

Горан Наумовски

Влен: „Безбеден град“ ги штити животите на граѓаните и гарантира безбедност