Вратена е оградата околу Владата

Од:

Почна враќањето на оградата околу објектот на Владата. На втората седница на новата влада беше донесена одлука за враќање на оградата која беше отстранета во мандатот на претходната владеачка гарнитура.

– Денес согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно одстранетата ограда на Владата.
Таа беше репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување и денес Службата за заеднички и општи работи ја поставува истата. Досега се користеше старата и дотраена железна ограда во сопственост на МВР која е нерепрезентативна и нефункционална. Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува на складиште ја добива својата функција, информираше на социјалните мрежи директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски

Оградата првично беше поставена во 2015 години и чинеше 700 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри