А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Враќањето на фискалните со „македонско сонце“ го помина првото читање во Собранието

by А1он13/05/2013 - 16:04133
Share0

Од 1 јануари 2014 година трговците ќе треба електронски да се поврзат со Управата за јавни приходи преку надградба на фискалните апарати и инсталирање т.н. интегриран автоматски систем за управување. Целта е секојдневно да поднесуваат финансиски извештај за работата што ќе овозможи постојано следење на нивниот готовински промет.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова го предвидуваат измените на Законот за регистрирање на готовински плаќања согласно кои, воедно, на фискалните сметки повторно ќе се воведе логото „Купувајте македонски проивзоди за наше добро – Made in Macedonia“.

Измените денеска го поминаа првото читање во македонското Собрание.

– Постојаната електронска комуникација на даночните обврзници со УЈП ќе ја подобри фискалната дисциплина што е стратегиска определба на Министерството за финансии, додека воведувањето на „македонското сонце“ на сметките се очекува да ги стимулира призводството и потрошувачката на домашните производи, рече ресорниот заменик министер Ардијан Џеладини, образложувајќи ги измените.

Следете a1on на Youtube YouTube

Инсталирањето на интегрираниот автоматски систем за управување ќе трае до 31 март 2014 за даночните обврзници чиј промет претходната година надминал 10 милиони денари (угостителски објекти и трговци кои вршат промет со нафтени деривати на мало – бензински пумпи) и до 30 јуни за останатите даночни обврзници.

Опозицијата не се согласи со понудените решенија зашто, како што беше речено во текот на расправата, во услови на криза, наместо да се олесни работата на стопанството, се воведува ново финансиско оптоварување.

– Со измените се враќа решението кое повторно ќе ги оптовари тргоците, особено малите и средните бизисни кои се најмногубројни во земјава. Единствена причина од законското решение што ја прифаќам е определбата за подобрување на фискалната дисциплина, но тоа е заложба на секој од нас, рече Ивон Величковски.

Тој праша како ребрендирањето на фискалните сметки ќе го поттикне купувањето домашни производи кога денес, во услови на криза, куповната моќ и цената определуваат за кои производи ќе се одлучат граѓаните.

На тоа реплицираше Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ кој нагласи дека целта на законските измени е да се намали сивата економија. Тренов е убеден дека односите на пазарот нема да се нарушат. – Ваква мерка воведе и Германија за заштита на сопствените производи, а таквите примери, особено од развиените економии, треба да ги следиме, рече Тренов.

Одговорајќи на прашањата и забелешките, заменик министерот потенцира дека трговците ќе имаат одредени финансиски олеснувања за надградувањето на фискалните апарати.

Собранието продолжи со расправа по следните точки од дневниот ред, измени на законите за надзор, за стечај, за енергетика, за социјална заштита,….

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:20

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он29/04/2026 - 18:44

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 13:0022/04/2026 - 13:13

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 07:21

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ16/04/2026 - 15:53

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Горан Наумовски16/04/2026 - 13:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто