Врачена државната награда за наука „Гоце Делчев“

Од:

Глигор Јовановски, Блаже Боев, Петре Макрески и Радмил Поленаковиќ денеска во Музејот на македонската борба  ја примија државната награда „Гоце Делчев“ за 2013 година за особено значајни остварувања од интерес за државата во областа на науката.

Годинава Одборот на наградата „Гоце Делчев“ на својата седница одржана на 8 април со тајно гласање донела одлука од 12 научни трудови објавени во 2012 година кои конкурирале на објавениот Конкурс, да награди два.

Академик Глигор Јовановски, проф. д-р Блаже Боев и проф. д-р Петре Макрески се наградени за делото „Минерали од Република Македонија со вовед во минералогијата“, објавена во 2012 година. Проф. д-р Радмил Поленаковиќ и 17 коавтори се наградени за делото „Како до сопствен бизнис (Второ издание)“, објавено во 2012 година.

Наградите им ги врачи академик Владо Камбовски, претседателот на МАНУ и на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ кој им честита за постигнатите резултати во нивната досегашна научна дејност и им посака уште поголеми научни достигнувања.

– Наградата „Гоце Делчев“ постои за да го охрабрува настапот на научниците и просветителите кои треба да ја понесат задачата и одговорноста за таквиот милениумски исчекор на македонското општество. И да го изрази највиското признание за незаменливата општествена улога на научното творештво и за макотрпниот, најчесто невидлив и непроценлив труд за содавање на научното дело, рече Камбовски.

Убедени сме, истакна тој, дека добитниците најдостојно ќе ја репрезентираат македонската наука и ќе претставуваат поттик за други, особено помлади кадри да го следат нивниот пример.

– Работата на научните работници вљубени во истражувањата е долготрајна и макотрпна, не секогаш исполнета со пријатни мигови. Но, сознавањето на една вистина, сознавањето на материјалните и духовни вредности на еден народ, традицијата, обичаите, самиот живот, значи постигнување на целта, исполнување и задоволство, значи не само лична афирмација туку и афирмација на националната наука и многу пошироко, рече м-р Светлана Пинева од МОН.

Во име на  наградените се заблагодари академик Глигор Јовановски кој истакна дека нивното задоволство е уште поголемо бидејќи наградата го носи името на Гоце Делчев, еден од најголемите дејци за македонската кауза.

– За жал, Гоце не го доживеа создавањето на државата, а пак ние, сегашните генерации, неговите следбеници се соочуваме со предизвикот да го сочуваме тоа што ни го создале нашите предци. Таа битка се води на разни полиња, политиката, културата, уметноста, науката, спортот…, рече Јовановски.

Според него, да се истражува и да се откриваат нови нешта е предизвик, а за да се занимавате со нуака потребно е ентузијазам и храброст.

– За успешно изведување на научна работа важни се два фактори, кадарот и опремата. Последните неколку години, Владата вложи посебни напори за да се подобрат состојбите на планот опремување на научно-истражувачките лаборатории. И на тој начин се создадени важни предуслови за да се унапреди научната дејност во Македонија, рече Јовановски.

Тој потенцира дека во Македонија старее научно-истражувачкиот кадар на универзитетите и на научно-истражувачките лаборатории, односно се работи за негово несоодветно подмладување.

Би можело да ве интересира

Делегации се поклонија пред спомен релјефот на Гоце Делчев во штипско Ново Село, каде што учителствувал

Костадиновска-Стојчевска: Ги негуваме визиите на Делчев кој е синоним за културен натпревар меѓу народите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Битката за Македонија која Делчев ја доби е обврска за нас да ја продолжиме кон просперитетна и силна држава

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачевски: Гоце Делчев би бил горд за она што го направивме, Македонија напредува

Горан Наумовски

Пендаровски, собраниска и владина делегација му оддадоа почит на Гоце Делчев по повод 152-годишнината од раѓањето

Ковачевски: Наследниците на Гоце ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот

Орце Костов