Вработените во обвинителствата се противат на новиот Предлог-закон за јавнообвинителска служба

Од:

Вработените во јавнообвинителската служба предупредуваат дека Предлог-законот за јавнообвинителска служба, во сегашната форма, не претставува реформски исчекор, туку пропуштена можност за спроведување на неопходните промени во јавнообвинителскиот систем.

– Особено загрижува што верзијата доставена до Собранието суштински отстапува од решенијата подготвени од Работната група во која учествуваа претставници на Јавното обвинителство, надлежните институции, академската заедница и меѓународните партнери. Голем дел од решенијата што беа резултат на повеќемесечна работа не се рефлектирани во текстот на законот, без притоа да биде дадено образложение за причините поради кои се напуштени – се вели во реакцијата на вработените во јавнообвинителската служба при сите обвинителства.

Иако законот се претставува како дел од реформските процеси и исполнување на обврските од Реформската агенда, во предложениот текст, како што посочуваат, не се препознаваат клучните решенија насочени кон зајакнување на самостојноста на Јавното обвинителство и издвојување на јавнообвинителската служба од системот на јавната администрација.

-Предложениот закон ги задржува постојните механизми на зависност во управувањето со човечките ресурси, не ги надминува проблемите со недостигот на кадар и не предвидува суштинско подобрување на материјалниот статус на вработените. Дополнително, во верзијата што се разгледува во Собранието е задржан постојниот систем на пресметка на плати. Особено загрижува што законот се претставува како значаен реформски исчекор, а при неговата анализа произлегува дека најголемиот дел од одредбите се преземени од постојниот Закон за јавнообвинителска служба, додека измените се ограничени и не обезбедуваат суштински промени во системот. Наместо да обезбеди поголема самостојност на Јавното обвинителство и вистинско издвојување на јавнообвинителската служба од системот на јавната администрација, предложениот закон ги задржува постојните ограничувања, не ги надминува кадровските проблеми и не нуди решенија за долгогодишните предизвици со кои се соочува службата – се вели во реакцијата.

Вработените во јавнообвинителската служба, предупредуваат дека усвојувањето на ваков закон нема да доведе до зајакнување на институционалните капацитети на Јавното обвинителство, туку ќе ги задржи истите слабости поради кои реформата воопшто беше започната, и ги повикуваат пратениците пред конечното усвојување на законот внимателно да ги разгледаат забелешките на јавнообвинителската служба и да обезбедат законски решенија што, како што нагласуваат, навистина ќе придонесат за самостојност, ефикасност и професионализација на јавнообвинителскиот систем.

Би можело да ве интересира

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски