Вработените во ЈСП утрово протестираа заради неисплатени плати

Од:

Возачите од градскиот превоз на Јавното сообраќајно претпријатие, утрово протестирале, бидејќи платата за август се уште не им е исплатена. Извори од ЈСП за А1 он тврдат дека се работи за предупредувачки протест, за кој велат дека бил само еден „дебел жолт картон“ за управата.

Главна причина за ескалацијата на незадоволството кај вработените било доцнењето на платите. Тие не сакаат да коментираат јавно, но тврдат дека има и други проблеми во претпретијато. Вработените се пожалија дека и минатиот месец им било задоцнето со платите.

ЈСП се огласи со соопштение во кое тврди дека на сите вработени имаат добиено плата и дека не им се должи ништо. Вработените тврдат дека вакво соопштение се пушта бидејќи најверојатно денеска ќе им ги префрлат платите за да се спречи натамошни протести.

Претставници на вработените биле на средба кај градоначалникот Коце Трајановски.

Денеска автобусите нормално сообраќаат и на најфреквентните автобуски станици нема поголем застој. Инаку, ЈСП е државното претпријатие што ќе гради Панорамско тркало, кое ќе чини повеќе од 15 милиони евра.

„Изградбата на панорамското тркало кај Камениот мост се предвидува да започне идната година и да биде готово во 2018 година“, стои во одлуката на ЈСП кое ќе стопанисува со објектот Панормаско тркало.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Град Скопје: Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски

Горан Наумовски