Вработените од Регулаторната комисија за енергетика со поддршка за Бислимоски

Од:

Вработените во Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија го осудуваат нападот врз Марко Бислимоски и преку отворено писмо му даваат поддршка.

„Физичкиот напад врз Претседателот Бислимоски го сметаме како директен напад и притисок врз работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, но и врз системот на регулирањето на енергетските пазари во Република Северна Македонија кој е воспоставен и успешно функционира од 2003 година.

Ваквото нецивилизирано и дивјачко однесување на учесникот на енергетскиот пазар во 21-от век е недозволиво особено за нас како земја аспирант за влез во ЕУ.

Претседателот Бислимоски, претходно вработен во Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 2004 година помеѓу своите колеги важи за голем професионалец, без ниту една дамка во своето работење и човек спремен секогаш и секому да помогне.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија постапувала и ќе постапува во согласност со законите, а врз основа на начелата на објективност, транспарентност и недискриминација, со примена на најдобрите меѓународни искуства и практики.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија три последователни години е прогласувана за најдобро регулаторно тело во рамки на Енергетската заедница и ниту еден ваков недоличен настан не смее да го загрози интегритетот и угледот ниту на Претседателот, ниту на институцијата“, се наведува во отвореното писмо.

Вработените велат дека бараат надлежните институции да ги преземат сите законски мерки кои се во нивна надлежност и сторителот, односно сторителите на ваквото дело најстрого да го санкционираат.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

Бислимоски: Приватните енергетски инвестиции ќе донесат пониски сметки за парно

Орце Костов

Бислимоски: Нема да има никаков ценовен шок

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

(ВИДЕО) Парното ќе поскапи многу ако не се врати цевководот на мостот на „Беласица“, се зависи од Град Скопје

Орце Костов

Трговците ќе можат да не снабдуваат со струја од Косово – Регулаторна комисија потпиша соработка

Орце Костов