Вработена кај Јовановски: Во неговиот дом доаѓаа Шекеринска, Јанева, Кирацовски, Камчев

Од:

Вториот сведок на денешното рочиште на „Рекет“, Драгана Колевска, која хонорарно работела кај обвинетиот Бојан Јовановски, изјави дека во неговиот дом доаѓале познати личности, меѓу кои имало и политичари.

„Кај Бојан Јовановски имаше реновинарање, промена на ентериерот во дневната соба, а дали е купувано, не знам, немам видено фактури. Тој купи телевизор по реновирањето. Сликите ги донесоа двајца од галерија, ги оставија. Во домот на Јовановски доаѓаа познати личности, политичари. Еднаш дојдоа Шекеринска, Катица, еднаш имаат дојдено и Стефан Богоев, Кирацовски, Лила Филиповска, Анета Кочишки, Орце Камчев, Зоран Милески”, рече сведокот Колевска.

На потпрашање од адвокатот Сашо Дуковски дали со Орце Камчев и Зоран Милески дошол и министерот Венко Филипче, таа одговори потврдно.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава