Вработен во МНР до новинар: „Ако поставиш прашање, никогаш нема да добиеш интервју“

Од:

Вработен во МНР денеска се обидел да замолчи новинар на ТВ21 и да не му дозволи да постави прашање на прес-конференција по средбата на министерот Никола Димитров и медијаторот Метју Нимиц, објави ТВ21.

Телевизијата пишува дека вработениот му рекол на новинарот дека доколку постави прашање никогаш нема да добие интервју.

Новинарот сепак се одлучил да постави прашање, а за да добие збор интервенирал и меѓународниот посредник.

Новинарот на ТВ21 започна да го поставува прашањето без микрофон, а во текот на поставувањето на прашањето, бил предупреден од вработениот да не ја довршува реченицата.

По завршувањето на прес конференцијата, други вработени од министерството му се заканија на новинарот со одземање на акредитацијата и упатување на протестна нота до редакцијата. За да се расчисти случајот, редакцијата побара официјален став од МНР во врска со инцидентот. ТВ21 побара објаснување дали е ова официјален став на МНР, или само на еден вработен во министерството, но одговор од таму се уште нема. Во текот на денот, други претставници на министерството се јавија на телефон во редакцијата, но не дадоа официјален одговор, упатувајќи ја редакцијата, барањето да го испрати по писмен пат, пишува ТВ21.

За инцидентот реагираа и од ЗНМ.

„Остро го осудуваме однесувањето на претставникот на МНР, кој што денеска во текот на прес конференцијата на посредникот Метју Нимиц, се обиде да го спречи новинарот на ТВ21, Фуркан Салиу да постави прашање. Овој обид на МНР е целосно неприфатлив и ја загрозува слободата на медиумите и правата на граѓаните да бидат информирани за прашања од јавен интерес. Слични инциденти ја оцрнуваат сликата на новата влада и ја уриваат довербата кај граѓаните за работата на владата. Бараме од МНР да го истражи случајот и да преземе одговорност за лицето, со цел да се спречат слични инциденти во иднина. Го поздравувам колегата Салиу кој што му се спротивстави на притисокот и продолжи да дејствува според професионалната етика служејќи му на јавниот интерес“, велат од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија