Возрасните лица го користат викендот за бесплатен железнички превоз

Од:

Возрасните граѓани, односно жени над 62 и мажи над 64 години овој викенд според владината одлука од минатиот месец го користат бесплатниот железнички сообраќај на линиите во земјава. Досега поволностите ги искористиле 1.000 лица од оваа категорија граѓани.

Владата минатиот месец донесе одлуки со кои се овозможи бесплатен железнички превоз во одреден период од месецот. Со овие мерки се  предвидува да се помогне и зголеми мобилноста на група граѓани во Република Македонија.

Со првата мерка е предвидено постарите лица, односно жените над 62 години и мажите над 64 години кои ќе можат бесплатно да се возат секој втор викенд во месецот. Втората мерка ги опфаќа младите до 27 години за кои е предвиден третиот викенд во месецот. Во третата се опфатени студентите кои ќе добијат 50 проценти поевтин билет преку цела година, а четвртата мерка се однесува исто така за студентите кои ќе добијат бесплатен четврток во неделата. Петтата мерка се однесува за сите граѓани на Република Македонија, а тоа е билет за десет возења со 30 проценти попуст.

Досега вкупно поволностите ги искористиле 6.000 граѓани. При што  илјада се возрасни лица, 3.500 млади лица до 27 години,  600 студенти и илјада лица кои купиле билет со попуст.

Би можело да ве интересира

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Фискалниот совет предлага од 2026 година зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години

Катерина Ѓуровски

Левица: Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше