ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Насилник со стап по глава безмилосно тепаше куче во Скопје, полицијата го приведе

Од:

Изутринава во Скопје повторно насилничко однесување и малтретирање животни. Човек со стап пред очевидци и со над 20 удари по главата, безмилосно претепа бездомно куче. А1он дојде до снимката кога кучето влегло во складиште во Момин Поток, а еден од присутните во дворот, за кој се претпоставува дека е сопственикот зема стап и безмилосно удира по кучето.

Според сознанија на А1он, еден од присутните го пријавил настанот во полиција. Од МВР потврдија дека сторителот е приведен и задржан во полициска станица.

Кучето по ваквата агресија и малтретирање било однесено во ветеринарна станица и сè уште е незивесно дали ќе преживее, со оглед на тоа што повредите на главата се сериозни.

Малтретирањето и убивањето животни е кривично дело, регулирано и со Кривичниот законик и со Законот за заштита и благосостојба на животните. Во Македонија тоа е честа појава,. Еден од  последните примери беше кучето кое беше натерано да скокне од тераса во Тетово, а речиси секојдневни се примерите на напуштање домашни или пак борени животни кои потоа се наоѓаат на улиците, со што бројката на бездомна популација кучиња сè повеќе расте.

Свеж е и примерот во Дебар Маало, кога среде бел ден кога присутните гости пиеја кафе, а во близина лежеше локалниот миленик, кучето Идриз, влезе човек со секира и до смрт го бодеше беспомошното животно. За ова дело, нему му беше одредена само парична казна.

Би можело да ве интересира

Насилници со водоводџиски клешти претепале човек, сега се осомничени за насилство

(ВИДЕО) МВР: Уапсен е таткото кој и ги врзал рацете на својата 11-годишна ќерка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Куче и мачка најдобри пријатели – нераздвојни се

А1он

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Таткото со шлаканици по четиригодишната ќерка – „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

А1он

Пијан маж со чадор крвнички ја претепа сопругата

А1он