Вознемирувачки фотографии: Улични кучиња го искасапија белиот паун од црквата во Автокоманда

Од:

Белиот паун кој со години беше несекојдневна и убава глетка во дворот на црквата Св. Архангел Михаил во скопската населба Автокоманда, деновиве настрадал во напад на глутница улични кучиња, објави црквата на Фејсбук.

„Толку било убавецу наш. Белиот паун кој го красеше дворот на нашиот Храм беше нападнат од улични кучиња и буквално растргнат на парчиња. Нападот најпрвин се случил во дворот на Храмот. Белан бегајки прелетал надвор од дворот и налетал на глутница од улични кучиња. Нашиот домаќин веднаш реагирал но за жал било доцна,“ пишуваат од раководството на храмот.

Оттаму ги замолуваат сите кои можат да помогнат на било каков начин да се дислоцираат уличните кучиња кои се во кругот на студентскиот дом Стив Наумов.

„Сите сме сведоци дека изминатиот период во дворот на Храмот имаше: зајачиња, шатки, пауни, гулаби, коковчиња,
дукатки…и други животинчиња кои ја заокружуваа убавината на овој Храм, но за жал уличните кучиња ја прекинаа таа убавина убивајќи се што ќе дофатеа со крволочните заби,“ велат од храмот Св. Архангел Михаил.

Би можело да ве интересира

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип