Возило усмрти стружанец додека сечеше дрва

Од:

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што денеска во 11 часот и 30 минути се случи на улицата „Јабланица“ во Струга. Орце Ш. од струшкото село Мислешево, на лице место им подлегна на повредите одкако во него и неговото работно возило со уред за сечење дрва, налетало патничко моторно возило марка „Мазда“ без регистарски таблички.

Тешката сообраќајна незгода се случила поради неприлагодена брзина според условите и состојбите на патот, поради што патничкото возило „Мазда“ управувано од 27 годишниот возач од Струга, изгубил контрола врз возилото и преминал на левата страна од коловозната лента.

Притоа, со левиот преден дел удрил во работното возило со кое сега починатиот работел поточно сечел дрва. Врз починатиот ке биде извршена обдукција во Судска медицина.

На местото на сообракајната незгода, извршен е увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител од основниот суд во Струга како и полициски екипи од полициската станица во Струга. Возачот на патничкото моторно возило е приведен во полициската станица во Струга.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он