Возило излета на автопатот Неготино-Велес кај патарината, две лице лесно повредени

Од:

Утрово во 6,30 часот на патот Неготино – Велес во близина на наплатната рампа од патот излетало возило при што со лесни телесни повреди се здобиле две лица.

Како што информира за МИА,Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес станува збор за двајца странски државјани, Унгарци кои излетале од патот, кои се здобиле со помали телесни повреди. Тие, со возило на Итна помош биле однесени на преглед во велешката Општа болница.

Од велешката ЈЗУ Општа Болница како што информира портпаролот Марина Андова утрово ,околу 8 часот во болницата биле примени двајца странски државјани, маж и жена на средни години.

Двајцата биле амбулантски третирани од нивен лекарски тим и било констатирано дека имаа само нагмечувања по телото, а по лекарската интервенција биле пуштени од болницата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он