„Вози право, вози здраво“- трка за чисти транспортни средства

Од:

Во Скопје денеска ќе биде одржана ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ 2. Трката има за цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето на чисти транспортни средства.

„Вози право, вози здраво 2“ ќе се одвива во два дела, ревијална трка и забава. Трката ќе стартува во 17 часот од СТБ Детскиот велодром во паркот „Македонија“ спроти Веро Тафталиџе, а целта е на влезот во Градски парк, зад споменикот на Гоце Делчев. За сите учесници ќе бидат обезбедени репрезентативни материјали, а броевите на учесниците ќе учествуваат во извлекувањето на наградната лотарија богата со вредни награди. Организатор на трката е Стопанска банка АД – Скопје.

Поради трката во периодот од стартот во 17 часот ќе биде воспоставен специјален сообраќаен режим долж улиците „Јуриј Гагарин“, „Франклин Рузвелт“ и Булеварот „Илинденска“.

За безбедноста и регулирањето на сообраќајот ќе се погрижи СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош