Возење велосипед низ Скопје за почист град

Од:

Од плоштадот „Македонија“ денеска во 17.30 часот ќе почне 43-та критична маса на тема „Здрав транспорт за здрави градови!“

Организатор е „На точак“-неформална група скопски велосипедисти, оформена првично преку социјални мрежи. Цел на „На точак“ и на организирањето критична маса во Скопје е популаризација на велосипедот како урбано превозно средство. Критична маса е возење велосипед и се создава кога група велосипедисти ќе се соберат на едно место и заедно се возат по улиците од нивниот град.

Освен во Скопје, на истата тема ќе се вози во повеќе градови и во различни термини. Денеска ќе се вози и низ Прилеп, а се тргнува од 17.30 часот од пред споменикот Александар Македонски. Утре ќе се вози во Битола и Штип, а в недела во Гостивар.

Организаторот апелира до надлежните дека е потребно да се обезбеди простор за сите начини на транспорт (пешачење, возење велосипед, јавен превоз, автомобил), со предност на одржливите начини на транспорт, овозможување повеќе опции и побрзо стигнување со незагадувачкиот здрав транспорт (пешачење, возење велосипед) и јавниот транспорт.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство