Возел пијан во спротивна лента – истрага за несреќата кај Ѓавато во која загина жена

Од:

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против возачот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на патот Битола-Ресен во која загина жена, а една лице е тешко повредено. Жртвата го возела другиот автомобил при диркетниот судар.

Според обвинителството, осомничениот имал 0,67 промили алкохол во крвта што е повеќе од дозволеното. Тој ја предизвикал несреќата така што преминал преку полна линија во другата лента и директно се судрил со возилото на жртвата. Обвинителството бара да му биде одреден куќен притвор. Жената починала на местото на несреќата. Телото е предадено на обдукција.

– Осомничениот, на 23 април, како учесник во сообраќајот на магистралниот пат А3 Битола – Ресен, управувал автомобил „Mерцедес“ со ресенски регистарски таблички во насока од Битола кон Ресен. Но, притоа не се придржувал кон одредбите за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно возилото го управувал со недозволено количество на алкохол од 0,67 промили алкохол во крвта. Освен ова, тој не го држел автомобилот во движење блиску до десниот раб на коловозот. Кога дошол на критичното место, на околу 700 метри од местото викано „Кај чешмите“, со возилото преминал преку надолжната средишна неиспрекината линија на левата коловозна лента, гледано во насока на неговото движење. Во таа коловозна лента во спротивна насока, движејќи се од Ресен кон Битола, наидувало возило „Сеат Ароса“ со ресенски регистарски таблички во кое имало две лица, наведуваат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Оглас за избор на обвинители во повеќе ОЈО, но не и за скопското

Скопјанец крвнички ја тепал и и се заканувал со убиство на поранешната сопруга пред малолетните деца

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара притвор за неготинецот кој ја претепа партнерката до кома

Притвор за гостиварецот кој уби човек во тепачка на две семејства

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам, синот на Амди, оди во притвор во затворот во Шутка

Кристијан Ландов