Возел пијан, удрил 13-годишно девојче и избегал

Од:

Полицијата ноќеска го привела Г.А.(51) од Македонска Каменица. Тој се сомничи дека околу 23.00 часот на 12.08.2025 со патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, удрил во 13-годишна малолетничка од Македонска Каменица и го напуштил местото.

– Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување помош. По преземени мерки Г.А. бил пронајден, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта и бил лишен од слобода, извести МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес