Возачот ослободен, патниците закрепнуваат

Од:

Возачот на автобусот од агенцијата „Тото“ нема кривично да одговара за сообраќајката во која при излетувањето од патот неколку патници беа повредени. Ова го потврдува сопственикот на агенцијата, Миле Божиновски.

Првично имало пријава со кауција и со налог возачот да остане на територија на Будимпешта, но по испрашувањто на сите патници во полиција и по земена изјава од возачите, властите во Унгарија го ослободиле возачот без покренување постапка и ја повлекле кауцијата. Сопственикот на „Тото“ Божиновски вели дека среќна околност е што во сообраќајката нема загинати, не е оштетено друго возило, а не се повредени и таможни, унгарски државјани.

Чешкиот државјанин кој патувал во автобусот за Прага воопшто не е повреден и не побарал некој кривично да одговара.

И тоа може да се смета како олеснување за македонскиот возач, кој вознемирен од настанот не може да зборува со новинарите.

Амбасадорот пак на Македонија во Будимпешта Дарко Ангелов откри дека не четворица, туку шестмина патници се во болница, двајца со потешки повреди кои ќе останат уште една недела, а четворица со полесни кои деновиве ќе бидат пуштени. Во овие 25 години работа ова е прва несреќа на „Тото“.

Од таму уверуваат дека во соработка со осигурителните компании ќе се надомести штетата на патниците.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија