ВИДЕО: Возачот на автобусот на „Дурмо турс“ не заспал, но можеби нешто друго го деконцентрирало

Од:

На денешното рочиште за автобуската несреќа кај Ласкарци имаше вкрстено испрашување на вештакот Драган Аксентиев.

„Возачот презел дејство, но немал никаква можност да ја спречи несреќата“, рече вештакот Аксантиев.

Обвинителот Дарко Јакимовски често имаше приговори дека непотребно се троши времето за рочиштето со долги цитати од вештачењето при поставувањето прашања.

„На минатата главна расправа дадов детално појаснување на што мислиме во поглед на отсуство на внимание на возачот, но кажав и што како вешти лица сме елиминирале од тој субјекивен фактор. Елиминиравме употреба на мобилен телефон од страна на возачот и елиминиравме спиење од страна на возачот, особено во развојот на незгодата во тие четири секунди. Појаснив дека она што може да му го одзеде вниманието на возачот е некое негово краткотрајно дејство како свртување на главата и горниот дел од телото кон лево кога рацете го пратат тоа движење и воланот се свртува, потоа краткотрајно завртување кон лево и надолу, потоа некое дејство со левата страна, да земе некое шише или нешто и слични некои краткотрајни дејствија кои можат во дел од секунда да му го одземат вниманието на возачот спомнав и здравствена состојба без понатака да навлегувам во здравствената состојба бидејќи таква анализа е во областа на медицинско вешто лице“, рече Аксентиев.

За автобуската несреќа се обвинети шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а тројца вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара повисоки казни за автобуската несреќа кај Ласкарци

Предраг Петровиќ

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Новинарка на МИА вербално нападната од обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“

Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала, а шестообвинетиот најголема казна реагира ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителот во „Ласкарци“ најави преиспитување на казните

Пресуда за „Ласкарци“: 14 години затвор за возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ доби најблага казна од сите обвинети

Александар Тодески