Возачот кој ја прегази Викторија останува во притвор, а ќе му суди судијката од „Пуч“

Од:

Судиите од скопска Апелација одлучија возачот Јордан Ѓ. кој ги прегази 24-годишните Викторија Николова и Леонид Даов кај „Сити мол“, да остане во притвор. Истовремено, во Кривичен суд, за 13 дена е закажано првото рочиште на кое ќе му се суди за сообраќајката која имаше смртен исход. Предметот преку АКМИС-системот е распределен кај судијката Љубинка Башевска, позната на јавноста по повеќе случаи. Тој на шести април, ќе треба да се појави во судницата каде ќе му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот.

Од Апелација за „А1он“ велат дека одбиена му е жалбата која ја поднел возачот Јордан кој сакал да излезе од притвор. Па така, потврдено е решението кое го донесе Кривичниот суд. Тоа значи дека и според второстепениот суд, постои опасност од бегство, поради што, ќе ја издржува мерката во затворот „Скопjе“ во Шутка. Јордан Ѓ. не успеа да ги убеди тројцата апелациони судии дека нема намера да бега.

Судијката Башевска, која ќе му суди на Јордан Ѓ. на јавноста и е позната како една од најблиските соработници на експретседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски. Таа го водеше случајот „Пуч“ за прислушкувањето, а каде се тврдеше дека тоа го правеле странци со жолти комбиња. Судијката е позната и по кавгата со ексшефицата на СЈО, Катица Јанева, со која се расправаа бидејќи се одложуваа рочишта за овој предмет.

Меѓудругото, Башевска го осуди и новинарот Никола Гелевски за колумна против Драган Павловиќ – Латас, случај за кој Европскиот суд за човекови права во Стразбур и наложи на Македонија да го обештети тужениот бидејќи му биле повредени правата од домашните судови.

Обвинението за Јордан Ѓ. го поднесе скопското обвинителство по сообраќајката на раскрсницата кај „Сити мол“. Според обвинението, тој возел со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, не застанал иако видел дека има пешаци и ја прегазил Викторија, заедно со нејзиното момче Леонид кој имаше полесни повреди.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени